Дома Фудбал Шок: почина репрезентативец на Јужна Африка, учесник на Светското првенство 2026

Шок: почина репрезентативец на Јужна Африка, учесник на Светското првенство 2026

Јужноафриканскиот репрезентативец Џејдoн Адамс почина само недели по неговото учество на Светското првенство, известуваат локалните медиуми. Играчот на средината на теренот на Мамелди Сандаунс го напуштил овој свет на возраст од 25 години.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој беше стартер во првите два натпревари на својата земја на Mондијалот 2026. Адамс, кој има девет натпревари за националната репрезентација, сподели фотографија со својата девојка на интернет помалку од ден пред да биде објавена веста за неговата смрт.

Неговата партнерка Аквила објави нивна заедничка фотографија во петокот. Шокантната смрт предизвика бран реакции во фудбалскиот свет.

Синдикатот на јужноафриканските фудбалери (САФПУ) излезе со изјава: „САФПУ е потресен од прераната смрт на играчот на средината на теренот на Мамелди Сандаунс и ‘Бафана Бафана’ Џејдон Адамс. Џејдон неодамна ја претставуваше Јужна Африка на Светското првенство во фудбал 2026 година, носејќи ги надежите на нацијата со гордост, храброст и достоинство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турција ќе го заврши СП како неофицијален светски шампион

Додека трае најголемото Светско првенство во фудбал досега, во позадина и во потсвеста на …