Дома Фудбал Шест натпревари од Лигата на шампионите вечерва: Спектакли во Ливерпул и Минхен

Шест натпревари од Лигата на шампионите вечерва: Спектакли во Ливерпул и Минхен

Шест натпревари од Лигата на шампионите се на распоред вечерва, а вистински спектакли не очекуваат во Ливерпул и Минхен.

Тимот на Арне Слот е решен да го подобри впечатокот од минатата сезона, кога испаднаа во осминафиналето од идниот шампион ПСЖ.

Судирот против Атлетико Мадрид на Енфилд е закажан за 21 часот.

Втор спектакл, исто така, ќе се одвива во Минхен, каде Баерн ќе го пречека Челзи во истиот термин.

Два натпревари исто така ќе ги гледаме од 21 часот во Амстердам и Париз, а се соочуваат Ајакс-Интер и ПСЖ-Аталанта.

Две натпревари ќе се одиграат порано, во 18:45, каде силите ќе ги одмерат Олимпијакос – Пафос и Славија Прага – Бодо/Глимт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчез речиси исчезна во кадарот: Интервјуто по турското дерби стана хит (Видео)

Галатасарај го совлада Фенербахче со 2:1, но на социјалните мрежи внимание привлече и инте…