Дома Останати Кошарка Шекил О’Нил вложува во европски клуб – купи акции во Италија

Шекил О’Нил вложува во европски клуб – купи акции во Италија

Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри на сите времиња во светот на кошарката, ретко кој можел да му се мери во сила, а денес е еден од најинтересните стручни коментатори.

Поранешниот кошаркар на Лејкерс често ги коментира и игрите на Никола Јокиќ, често е во комуникација со него, па затоа често е присутен во медиумите во Србија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Утрово уште една вест за О’Нил што е исклучително интересна за нашите читатели.

Италијанско-американскиот бизнисмен Мет Ричета купи 66% од акциите на Наполи, и улога во тој клуб ќе има и никој друг освен Шекил О’Нил. Поранешната НБА ѕвезда го обожаваше Италија и сака да учествува во европската кошарка, па нема да се изненадиме ако во иднина го видиме Наполи на самиот врв на италијанската кошарка.

Наполи е еден од најслабите тимови во Серија А оваа сезона, со скор од 9-20 во овој момент.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…