Дома Моторспорт Сериозен инцидент на почетокот на сезоната во Формула 1 (Видео)

Сериозен инцидент на почетокот на сезоната во Формула 1 (Видео)

Првите тренинзи за првата трка во новата сезона на Формула 1 беа одбележани од еден инцидент.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Оваа сезона во најбрзиот циркус на светот ќе има многу нови млади возачи, кои, се разбира, немаат многу искуство.

Поради тоа, може да се очекува често да се случуваат инциденти, кои се должат токму на недостатокот на искуство и километража во најбрзите возила на светот. Првиот на кој што му се случи ова е Оливер Бермeн.

Тоа можеби е и малку изненадување, бидејќи го гледавме овој момче на патеката минатата сезона, и тоа двапати.

Првпат како возач на Ферари, бидејќи доаѓа од оваа школа, а вторпат во екипата на Хас, чиј полноправен член стана од оваа сезона.

Бермен направи голема грешка за време на првиот неофицијален тренинг кога во една кривина загуби контрола над болидот, излета од патеката и најпрво се најде на чакалот, потоа на тревата и на крајот со предниот дел удри во оградата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…