
Откако селекторот на Норвешка одлучи да го испрати дома, Ерлинг Халанд со објава покажа што мисли за тоа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Халанд продолжи со својата одлична форма и за Норвешка на натпреварот против Израел постигна три гола.
Другите два гола во победата од 5:0 на овој натпревар за Норвешка ги постигнаа играчите на Израел, Анан Халаили и Идан Нахмиас кои го надминаа својот голман.
Стале Солбакен и неговите избраници вечерва ќе одиграат пријателски натпревар против Нов Зеланд, а натпреварот ќе се игра во Осло.
Ерлинг Халанд нема да биде дел од тимот затоа што селекторот го испрати дома, а истото го направи и со уште четворица репрезентативци.
На Халанд не му требаше долго да се огласи на социјалните мрежи и да покаже дека му се допадна потегот на сојузот.
Имено, тој го искористи времето за одмор и релаксација, пред сè од фудбалот.