Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кристијан Грчевски го објавува списокот на повикани ракометарки за подготовки за време на ЕХФ националната недела во март 2025 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во рамки на ЕХФ националната недела (03.03 – 09.03) женската сениорска селекција ќе оддигра две пријателски средби против селекцијата на Србија. Натпреварите ќе се оддиграат во Бор, Србија на 07.03 и 08.03.
Собирот на женската национална селекција е на ден 03.03.2025 (понеделник) со почеток во 09.30 часот во малата спортска сала при Спортски Центар Јане Сандански во Скопје.
