Дома Трансфер зона Се поверојатно е дека Рашфорд ќе остане на Олд Трафорд

Се поверојатно е дека Рашфорд ќе остане на Олд Трафорд

Евентуалниот трансфер на Маркус Рашфорд оваа зима почнува да изгледа се помалку веројатен, пишуваат англиските медиуми.

На почетокот на месецот неколку од големите клубови на Стариот континент изразија желба да го привлечат напаѓачот, но со текот на времето секој од нив испадна од трката за неговиот потпис.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Еден од главните проблеми е високата плата на играчот и неподготвеноста на Манчестер Јунајтед да го пушти во друга екипа, но во исто време да плаќа 50% од неговата плата.

Последна од трката испадна Борусија Дортмунд, а претходно се откажаа Милан и Барселона, па се поверојатно е Рашфорд да остане на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…