Дома Фудбал Се огласи Слот за иднината на Ван Дајк и беше искрен

Се огласи Слот за иднината на Ван Дајк и беше искрен

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, се осврна на изјавата на капитенот Вирџил ван Дајк дека не е сигурен дали ќе го продолжи договорот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Холандскиот стопер по испаѓањето од Лигата на шампионите од Пари Сен Жермен изјави дека сè уште нема никакви придвижувања во преговорите за продолжување на соработката, што дополнително поттикна шпекулации за неговиот идниот престој во клубот.

Слот истакна дека сака Ван Дајк да остане во тимот и наредната сезона, но додаде:

“Не знам што ќе се случува следната сезона во поглед на резултатите, но знам дека сакам Вирџил да биде тука и следната сезона. Сите други работи, особено разговорите за договорот, не се нешто што јас го работам”, изјави Слот.

Од претходно се споменува и заминување на Мохамед Салах и Трент Александар-Арнолд, бидејќи нивните договори истекуваат на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…