Дома Фудбал Се огласи Ал Келаифи: ПСЖ се мачи, а за него новиот формат во ЛШ е – фантастичен!

Се огласи Ал Келаифи: ПСЖ се мачи, а за него новиот формат во ЛШ е – фантастичен!

Претседателот на Пари Сен Жермен и Европската клупска асоцијација (ЕКА) Насер Ал-Келафи ја пофали имплементацијата на новиот систем на европските натпреварувања.

Од оваа сезона имаме можност да гледаме револуционерно издание на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската Лига. Тимовите повеќе не се поделени во групи, туку како што сите знаеме, има само една група и секој тим игра осум натпревари против различни противници..

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Мислам дека ова е формат кој донесе напредок во однос на минатиот. Напредок за сите. Погледнете ја табелата, медиумите, фановите… Погледнете ги резултатите на тимовите. Поинтересно е, има повеќе изненадувања и ангажираност. Конечно, она што сите го забораваат, 440.000.000 евра се распределуваат врз основа на солидарност. Тоа оди на тимовите кои дури и не играат во натпреварувањето”, рече Ал-Келафи.

Останува да се види дали истото ќе го зборува и по завршувањето на првиот дел од сезоната бидејќи неговиот Пари Сен Жермен во моментов е 25-тим на табелата и прашање е дали ќе се пласира во продолжението на натпреварувањето..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо по поразот на Реал удри по судиите, но и испрати порака до своите фудбалери

Навивачите на Реал Мадрид беа разочарани откако нивниот тим беше поразен на домашен терен …