Дома Фудбал СÈ Е ПОДГОТВЕНО: Познато е кога ќе се одржи ждрепката за Светското првенство

СÈ Е ПОДГОТВЕНО: Познато е кога ќе се одржи ждрепката за Светското првенство

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

За прв пат на Мундијалот ќе учествуваат 48 репрезентации, а досега 32 репрезентации веќе го обезбедија своето место. Вкупно 48 земји ќе бидат разделени во дванаесет групи со по четири репрезентации при ждрепката. Освен домаќините, учество досега обезбедија: Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Португалија, Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај, Австралија, Нов Зеланд, Иран, Јапонија, Јордан, Кореја, Катар, Саудиска Арабија, Узбекистан, Алжир, Зеленортски Острови, Брегот на Слоновата Коска, Египет, Гана, Мароко, Сенегал, Јужна Африка и Тунис.

Ждрепката ќе се одржи во Вашингтон на 5 декември, а церемонијата ќе започне во 12 часот по локално време, односно од 18 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е на 936 гола, а неговиот тренер е убеден: Ќе стигне до 1.000!

На Лионел Меси му недостигаат уште 64 гола до неверојатната граница. Кристијан Гонзалес ве…