Дома Фудбал Салах и Ван Дајк си заминуваат од Ливерпул, но ќе останат соиграчи

Салах и Ван Дајк си заминуваат од Ливерпул, но ќе останат соиграчи

Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк кариерата наводно ја продолжуваат во екипата Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Години наназад, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк беа дел од големиот Ливерпул. Сепак, дојде време за разделба и од лето тие повеќе нема да бидат дел од тимот од „Енфилд“.

Заедно ќе заминат кон Саудиска Арабија. Медиумите од оваа земја тврдат дека Ал-Хилал постигнал договор со двата фудбалера и тие наредното лето пристигнуваат во Ријад.

„Ал-Хилал има постигнато прелиминарни договори со Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. Тие ќе дојдат по истекот на договорите со Ливерпул“, изјави новинарот Халед Ќинан.

Саудискиот клуб денес се ослободи од услугите на Бразилецот Нејмар и сега има отворен пат да ги потпише Салах и Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1),…