Дома Фудбал Салах го прескокна Руни, Египќанецот е нов рекорд во Премиер лигата!

Салах го прескокна Руни, Египќанецот е нов рекорд во Премиер лигата!

Во вчерашниотнатпревар од 14. коло на англиската Премиер лига Ливерпул и Њукасл одиграа 3:3. Мохамед Салах постигна два гола и додаде асистенција со што стана стана рекордер. Египетскиот напаѓач на Ливерпул 37. пат во кариерата во најсилната англиска лига постигна гол и асистираше на ист натпревар. Досега рекордот го делеше со Вејн Руни, кој тоа го направи 36 пати.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Салах му беа потребни 214 натпревари помалку за новиот рекорд отколку што му беа потребни на легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед и Евертон. До рекордот стигна во својата 277. премиерлигашка утакмица. Целата кариера во Англија Салах ја помина во Ливерпул, за кој одигра вкупно 370 натпревари, постигна 226 и асистираше за 101 гол. Во оваа сезона е водечки стрелец (13) и втор асистент на натпреварувањето (8).

Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола од 559 натпревари. Во дресот на гигантот од „Олд Трафорд“ запиша и 139 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …