Дома Останати Тенис Сабаленка првата финалистка на Австралија Опен – ќе го нападне рекордот на Хигинс!

Сабаленка првата финалистка на Австралија Опен – ќе го нападне рекордот на Хигинс!

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија Опен, откако денес во Мелбурн во полуфиналето ја победи Паулa Бадоса од Шпанија со 6:4, 6:2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мечот траеше еден час и 26 минути. Ова беше осмиот меѓусебен дуел на белоруската и шпанската тенисерка, а шеста победа на Сабаленка, која ја брани титулата на Австралија Опен.

Белорусинката ќе има можност да стане првата тенисерка после Мартина Хингис (1997-1999), која три пати последователно го освоила Австралија Опен.

Сабаленка во финалето на првиот Гренд Слем турнир од сезоната ќе игра против победничката од мечот меѓу Полјачката Ига Швјонтек и Американката Медисон Киз.

Финалето е закажано за сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…