Дома Фудбал „Роналдо мислеше само на жени и забави“

„Роналдо мислеше само на жени и забави“

Познатиот италијански тренер Фабио Капело се присети на своето време во Реал Мадрид, изнесувајќи остри критики кон некои од ѕвездите кои ги тренирал, особено кон Роналдо и Антонио Касано, опишувајќи ги како изгубени таленти и лоши примери надвор од теренот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кога станува збор за Роналдо Назарио, Капело беше многу критичен, нарекувајќи го негативен лидер во екипата.

– Тој беше негативен лидер. Не тренираше правилно и не ги мотивираше своите соиграчи. Размислуваше само за жени, забави и се здебели – изјави Капело.

Капело исто така откри разговор со тогашниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, кој всушност доведе до заминувањето на бразилскиот напаѓач од Мадрид.

– Берлускони ме повика и праша: ‘Каков е Роналдо?’. Му одговорив: ‘Претседателе, добар е. Но не е добар пример, постојано е во дискотеки, се здебели, мисли само за жени’. Веќе следниот ден во “Газета”: ‘Роналдо во Милан’ – раскажa тренерот, кој исто така се присети дека го прашал играчот за неговата тежина по пристигнувањето во Мадрид:

– Кога Роналдо пристигна во Мадрид, го прашав: ‘Колку тежеше кога го освои Светското првенство?’. 84 килограми. ‘А сега?’. 94 – рекол низ смеа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тројца македонски репрезентативци станаа шампиони со нивните екипи

Дел од македонските репрезентативци имаа одлични сезони со нивните екипи, односно ги освои…