Дома Фудбал Роналдо доби необична понуда од Молдавија

Роналдо доби необична понуда од Молдавија

Веќе речиси две децении Кристијано Роналдо доминира на фудбалските терени, и тоа како во Европа, така и во целиот свет. Сè уште нема потпишано нов договор со Ал Наср, па се расправа каде ќе ја продолжи кариерата. Во меѓувреме, тој доби интересна понуда од Молдавија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Британски „Гол“ ја пренесе интересната понуда која беше испратена до Роналдо од страна на еден молдавски прволигаш.

„Веруваме дека најдоброто решение за него е да ја продолжи играчката кариера во нашиот клуб од повеќе причини. Прво, нема да треба да се навикнува на други бои, играме и ние во жолто-сина (како Ал Наср). По пензионирањето му ветуваме позиција во управата на клубот како меѓународен амбасадор на академијата или тренер на младите категории, бидејќи треба некаде да ја започне тренерската кариера пред да го преземе Манчестер Јунајтед или Реал. Кристијано, те чекаме“, се наведува во објавата на Дачија Бујукани на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сепак уште ќе го гледаме Салах во дресот на Ливерпул

Вест која ги израдува сите навивачи на Ливерпул – Мо Салах сепак не е потешко повред…