Дома Фудбал Ристовски се збогува со Динамо Загреб – ќе бара нов ангажман!

Ристовски се збогува со Динамо Загреб – ќе бара нов ангажман!

Стефан Ристовски на крајот од сезоната си заминува од Динамо. Тоа не е нешто ново, веќе некое време се знае дека Ристовски ја одби понудата за нов, помал и пократок договор и дека е блиску до заминување од „Максимир“ ова лето, кога му истекува договорот.

Сепак, ништо не беше дефинитивно, се чекаше доаѓањето на Звонимир Бобан и неговата идеја, можеби нов разговор за продолжување, иако многу брзо беше јасно дека Бобан нема да инсистира на негово останување.

Но сега нема веќе дилеми, Ристовски практично веќе се прости од Динамо и веднаш во понеделник, ден по натпреварот, треба да го напушти Загреб..

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го следи Мохја, но за тинејџерот се интересираат уште пет клуба

Седумнаесетгодишниот офанзивец на Менхенгладбах е на радарот на Ливерпул, Баерн и уште чет…