Дома Фудбал Ристовски се огласи поради црвениот картон: Се извинувам

Ристовски се огласи поради црвениот картон: Се извинувам

Иако поведе два пати, Динамо во дербито од 24. коло на СуперСпорт ХНЛ не успеа да го победи Хајдук. Заврши 2:2, а еден од клучните моменти на натпреварот беше исклучувањето на Стефан Ристовски при водството на Динамо од 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонецот во 55. и 62. минута заработи жолти картони поради прекршок, а Хајдук ја искористи бројната предност за да нападне и дојде до нерешен резултат. Ристовски се извини за неговиот потег по натпреварот.

“Преку овој пат сакам да се извинам на соиграчите и навивачите што заработив исклучување во вака важен натпревар. Секогаш давам сè од себе и секој дуел доаѓа од желба да помогнам на тимот.

Денес, за жал, тоа резултираше со исклучување, со што ја отежнав задачата на моите соиграчи. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Додека постои и најмалата шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме”, напиша Ристовски на Инстаграм и додаде “#изнадсвих Динамо”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Шкендија ќе плати 500 евра за кршење врата во Кратово

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече неколку ка…