Дома Фудбал Револуција во женскиот фудбал: Французинка стана најскапа фудбалерка на сите времиња

Револуција во женскиот фудбал: Французинка стана најскапа фудбалерка на сите времиња

Летниот трансфер период во женскиот фудбал донесе нова промена во барањето на високи трансфер суми, а новата рекордерка е француската репрезентативка Грес Гејоро, која премина од ПСЖ во Лондон Сити Лионсеси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само пред два месеца беше срушен рекордот со сума од 1,15 милиони евра, што го направи Арсенал со купувањето на канадската фудбалерка Оливија Смит од Ливерпул. Во меѓувреме, тој трансфер стана четвртиот најскап, а Грес Гејоро го постави новиот рекорд.

Лондон Сити Лионсеси за нејзините услуги му плати на ПСЖ 1,65 милиони евра, и во актуелниот трансфер период беа реализирани пет од седумте најголеми трансфери на сите времиња.


Гејоро е долгорочна француска репрезентативка. Од 2017 година фудбалерката од средина на теренот одигра за репрезентацијата 103 натпревари и постигна 23 голови.

Нејзината сениорска кариера ја започна токму во ПСЖ во 2014 година, а со клубот освои една титула, три купа и играше две фналиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо за легендарната фризура од 2002 година: Им се извинувам на сите родители…

Во интервју за францускиот L’Equipe, кое го даде за време на Светското првенство, ле…