Дома Моторспорт Рекорд: Болидот на Шумахер од 2001 година е најскапиот во историјата!

Рекорд: Болидот на Шумахер од 2001 година е најскапиот во историјата!

Ферари на Шумахер беше продаден на аукција во Монако за скоро 16 милиони евра. “Сотби” (RM Sotheby’s) објави дека финалната цена со вклучени даноци од 15,98 милиони евра ја понудил еден од гостите во ВИП зоната на хиподромот.

Овој автомобил, со кој светскиот шампион ја освои Големата награда на Монако во 2001 година, беше продаден за време на трката во кнежевството викендов, објави германската новинска агенција (dpa).

Почетната цена на автомобилот беше осум милиони евра, информира Њујорк тајмс. Аукцијата се одвиваше и во живо и преку телефон.

Ова е највисоката цена некогаш платена за Формула 1 Ферари на аукција, се наведува во извештајот.

Рекордот го држи Мерцедес W196 со кој управуваа Хуан Мануел Фанџо и Стирлинг Мос педесеттите години од минатиот век. Овој автомобил оваа година беше продаден за околу 46 милиони евра.

Фото: YouTube/Screenshot

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Лосон за неизвесната иднина: Лани бев под стрес, сега уживам во Ф1

Рејсинг Булс сè уште нема потврдено кој ќе вози следната сезона, но Лиам Лосон вели дека ш…