Дома Фудбал Реал Мадрид најде нова „деветка“ – доаѓа моќен Колумбиец!

Реал Мадрид најде нова „деветка“ – доаѓа моќен Колумбиец!

Реал Мадрид наводно покажал интерес за ангажирање на колумбискиот напаѓач Џон Дуран од Астон Вила.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дуран игра одлично во дресот на Астон Вила и привлече големо внимание. Се споменува можен трансфер во некои од големите клубови.

21-годишникот на масата има понуда од ПСЖ. Францускиот шампион веќе понудил 75 милиони евра на тимот од Бирмингам за да го обезбедат трансферот за летото, но Вила го одбила тоа.

Очигледно е дека англискиот тим сака повеќе пари, а сега во игра влегува и Реал Мадрид, што би можело значително да ја зголеми цената.

Реал во составот нема класична „деветка“. Главно таа позиција ја покриваат крилни напаѓачи, па „Кралевите“ се подготвени да реагираат на пазарот и да ангажираат класичен напаѓач.

Дуран им го привлече вниманието. Моќниот Колумбиец се смета за идеално решение за нападот, но нема да го добијат во Мадрид така лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва го дознаваме првиот патник во финалето: Арсенал и Атлетико ќе водат нова битка во Лондон!

На стадионот Емирати во Лондон, вечерва ќе бидеме сведоци на тоа кој ќе стане првиот финал…