Во викендот кој следи екипата на Вардар ќе игра натпревар против Тиквеш во рамките од 17. коло во ПМФЛ, а пред овој натпревар од навивачката група „Комити“ се одлучија на реакција.
Имено, како што најавија на социјалните мрежи, секој кој ќе носи македонско знаме на натпреварот кој се игра од 13:00 часот в недела ќе има обезбедено бесплатен влез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот! Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот!“, стои во објавата.