Дома Моторспорт Ралф Шумахер: Хамилтон не е крал и тој е човек кој оди во тоалет

Ралф Шумахер: Хамилтон не е крал и тој е човек кој оди во тоалет

Ралф Шумахер, поранешниот возач во Формула 1 смета дека Луис Хамилтон треба да го преземе својот дел од вината за инцидентот на трката во Силверстоун кога Британецот од патеката го истурка Макс Ферстапен.

„Неверојатно е колку водечките луѓе во Мерцедес го бранат секој потег на Хамилтон. Не е важно колку некој има титули, сите правиме грешки. Беше тоа очигледна грешка на Луис и жал ми што за тоа не се зборува отворено“, истакна Шумахер.

За Ралф никој во светот на големите брзини не е совршен.

„Не е Луис крал. И тој е човек кој оди во тоалет како и сите ние“, појасни Шумахер.

Вториот дел од сезоната започнува со трката за Големата нграда на Белгија во недела 29. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Епл сака поголем дел од Ф1: По САД, на ред се и други пазари?

Стефано Доменикали очекува Епл да се вклучи во трката за ТВ-правата и надвор од САД, но Фо…