
Реал Мадрид се подготвува за новата сезона преку натпреварите на Светското клупско првенство, а новиот тренер Чаби Алонсо веќе го оформил главниот тим и донесе неколку важни одлуки.
Во текот на престојот во САД, некои играчи добија шанса да се докажат, да се борат за своето место, додека други не ги оправдаа очекувањата на Алонсо. Од сето ова, младиот шпански стратег веќе ја има јасната слика колку може да им верува на одделни фудбалери.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Па, донесе и радикална одлука, инсистирајќи на останување на еден фудбалер кој веќе бил на праг да си замине.
„Тој е клучен за моите планови“, наводно изјавил баскискиот тренер, според некои извори од соблекувалната, и така реши да го задржи младиот напаѓач Гонзало Гарсија.
Гонзало беше една од светлите точки во пријателскиот натпревар против Пачука, каде што Реал Мадрид победи со 3:1. Младиот напаѓач на најдобар можен начин ја искористи својата шанса и покажа дека конкурентно може да се натпреварува на највисоко ниво. За неговата посветеност, интензитет и директност, Алонсо немаше друг избор, освен да стави вето на било каков трансфер.
До пред неколку дена, се шпекулираше дека клубот разгледува опција да го позајми Гонзало на друг тим за да добие повеќе минути на теренот. Неколку клубови, како Хетафе, Алавес и Кадиз, се интересираа за него. Но, по неговите претсезонски настапи и ставот на Алонсо, ситуацијата целосно се смени.
Фото: Принтскрин