Дома Фудбал ПСЖ ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

ПСЖ ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Новиот европски шампион Пари Сен Жермен не губи време и продолжува со својата политика на привлекување млади таленти. Сега Паризаните го насочија своето внимание кон големиот талент на Ривер Плејт, Франко Мастантуоно, објавува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


17-годишниот офанзивен аргентински играч на средината на теренот е посакуван од многу клубови, а интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Милан и други европски гиганти.

Мастантуоно има договор со својот клуб до крајот на 2026 година, а според информациите, клаузулата за продажба е околу 45 милиони евра, што претставува рекорд за аргентинскиот фудбал. Сè уште не е јасно колку точно ќе бара Ривер Плејт за големиот талент, но од ПСЖ веќе влегле во преговори за младиот фудбалер.

Мастантуоно стана најмладиот играч во историјата на „милионерите“ кој постигнал гол против големиот ривал Бока Јуниорс. За Ривер Плејт, тој има 10 голови и 7 асистенции во 61 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…