Дома Фудбал ПСЖ испрати приватен авион по него, подготвија сѐ за потпис на договор, а тој жестоко ги понижи.

ПСЖ испрати приватен авион по него, подготвија сѐ за потпис на договор, а тој жестоко ги понижи.

ПСЖ веќе со години е клуб кој фудбалерите тешко го одбиваат, а тоа го покажаа и вчера кога го донесоа Феран Торес од Барселона за околу 50 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, челниците на францускиот клуб имаа цел до крајот на викендот да претстават уште едно засилување, но планот не им успеа.

Новото засилување на ПСЖ требаше да биде јапонскиот голман Зион Сузуки со кој актуелниот европски првак сѐ беше договорил, а договорена беше и висината на обештетување со челниците на Парма.

Во Париз сметаа дека трансферот на Сузуки е завршена работа, и беше планирано тој денес да ги заврши лекарските прегледи и да биде официјално претставен како ново засилување на ПСЖ.

Паризјаните дури испратија приватен авион по овој 23-годишен голман, но беа шокирани кога од Италија им јавија што се случува.

Сузуки не се појави на аеродромот во договорено време, и одби да се јави на телефон кога се обидуваа да го добијат и дознаат зошто не е во авионот за Париз.

Јапонецот се предомисли во последен момент и одби да потпише за ПСЖ, а агентите му советуваа да не се јавува на челниците на тој клуб и дека сѐ треба да оди преку нив.

Во меѓувреме Сузуки се согласи да замине во Астон Вила и јасно е дека неговите агенти го убедиле на тоа, бидејќи ќе добијат многу поголем бонус отколку ако Јапонецот замине во ПСЖ.

Исто така, Сузуки верува дека во Астон Вила ќе има многу повеќе шанси за игра и да биде прв голман, бидејќи се очекува заминување на Емилијано Мартинез од тој клуб.

Во Париз не можеа да му гарантираат место на прв голман и се чини дека тоа на крајот беше пресудно, за Сузуки да се предомисли и да ја избере Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ювентус испрати понуда за Емилијано Мартинез

Јувентус упати понуда за голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Понудата е со вкупна …