Дома Фудбал Пристигнаа првите информации за повредата на Јамал, прогнозите не се воопшто добри!

Пристигнаа првите информации за повредата на Јамал, прогнозите не се воопшто добри!

Еден од најдобрите фудбалери на Барсалона, Ламине Јамал, заработи повреда за време на натпреварот од 33. коло на Примера против Селта Виго.

Јамал изведе пенал кон крајот на првото полувреме, по што се повреди и се повлече во соблекувалната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега се објавени првите информации поврзани со повредата на младата ѕвезда.. Според информациите од Гема Солер од ЕСПН, ако најлошите прогнози се остварат, Јамал би можел да ја пропушти остатокот од сезоната.

“Сè уште не е официјално, но добивме информации дека најверојатно станува збор за мускулна повреда. Играчиот ќе мора да подлегне на дополнителни испитувања денес, и наскоро ќе знаеме повеќе детали. Ако станува збор за полесно истегнување, отсуството би траело три до четири недели, што значи дека ќе го пропушти Ел Класико, но може да биде подготвен за завршницата на сезоната и Светското првенство. Меѓутоа, ако е посериозна повреда, можеби ќе го изостави целата сезона, со неизвесност за почетокот на Светското првенство,” вели Гема Солер и додаде:

“Сето тоа ќе зависи од резултатите на утрешните прегледи, по што се очекува официјално соопштение од клубот. Кога се случи повредата, бев веднаш зад голот и можев да видам како играчот го фаќа мускулот во моментот на истегнување. Потоа се врати во соблекувалната, а дополнителните испитувања ќе дадат одговор за сериозноста на повредата”.

Ѕвездата на Барселона денес ќе оди на дополнителни прегледи, по што Каталонците ќе ги соопштат подеталните информации за повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР предизвика бура во Шпанија: Дали на Барса ѝ беше поништен чист гол? (Видео)

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера со резулт…