Дома Фудбал Претседателот на Ла Лига: Размислуваме за правни постапки против Реал

Претседателот на Ла Лига: Размислуваме за правни постапки против Реал

Претседателот на шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека размислува за преземање на правни постапки поради писмото кое Реал Мадрид го објави оваа недела, во кое ја обвинува лигата дека работи против Реал во корист на други клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Создадоа преголема приказна за виктимизација која е потполно неоснована и, според моето мислење, има цел да ја поткопа конкуренцијата. Потполно е претерување. Тие го изгубија разумот“, изјави Тебас.

Реал Мадрид пред два дена испрати писмо до Ла Лига во кое се жали на судењето на натпреварот против Еспањол (0:1), и во кое наведува дека судењето на тој натпревар „претставува кулминација на потполно дискредитираниот судиски систем чии одлуки против Реал Мадрид достигнаа точка каде фалсификувањето и манипулацијата со натпреварувањето не можат да бидат игнорирани“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…