Дома Фудбал Пред неколку месеци стана полнолетен, а вчера против Реал Мадрид – издоминира!

Пред неколку месеци стана полнолетен, а вчера против Реал Мадрид – издоминира!

Фудбалерите на Арсенал со сјајна претстава на Емирејтс го совладаа Реал Мадрид со 3:0 на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По првото полувреме без голови, избраниците на Микел Артета постигнаа три гола во вториот дел, а особено се истакна Деклан Рајс, кој постигна два гола од директни слободни удари. Конечниот резултат го постави Микел Мерино.

Сите погодоци на натпреварот на Емирејтс беа постигнати во второто полувреме, а главниот збор го имаше Деклан Рајс, кој постигна два гола од слободни удари. Првиот пристигна во 58. минута, кога со брилијантен удар “ја заобиколи” живиот ѕид и ја погоди мрежата, додека вториот, во 70. минута, беше уште поспецијален бидејќи топовскиот удар заврши во горниот агол.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Третиот гол следуваше во 75. минута, кога Мерино прецизно постигна од првиот допир, по асистенција на Мајлс Луис-Скели. Целото внимание беше очекувано насочена кон Рајс, но и Мајлс Луис-Скели одигра незаборавен натпревар. Овој млад талент има само 18 години и се смета за „вундеркид“ на Арсенал.

Сениорското деби го имаше во септември 2024 година, а сега покажа дека возраста не е пречка кога станува збор за квалитетот. Против Реал Мадрид синоќа забележа стопроцентна успешност во дриблингот, додека точноста на неговите пасови беше импресивни 95%.

Освен тоа, освои четири дуели, одигра два клучни паса, асистираше за еден гол, што веќе го спомнавме, и заедно со соиграчите од одбраната на Арсенал, оствари чиста мрежа. Луис-Скели брзо стана незаменлив играч во тимот на Микел Артета, по само неколку настапи од неговото деби во септември.

Наскоро потоа пристигна и повикот за англиската репрезентација, за која дебитираше во март, а веднаш на првиот натпревар против Албанија постигна гол. Овa момче потекнува од Барбадос, но е роден во Лондон и од деветгодишна возраст тренира во Арсенал, додека за Англија настапува уште од У-16 категоријата.

Фото: Arsenal/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…