Дома Фудбал Познато колку пари заработи Челси, но и другите тимови на Светското клупско првенство

Познато колку пари заработи Челси, но и другите тимови на Светското клупско првенство

Челси синоќа убедливо го совлада ПСЖ со 3-0 и триумфираше на Светското клупско првенство, освојувајќи не само престижен трофеј, туку и значителна финансиска награда. Покрај златниот пехар, англискиот гигант се враќа дома побогат за речиси 100 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со победата во финалето, Челси инкасираше 97 милиони евра, додека поразениот финалист ПСЖ доби 90 милиони евра. Турнирот беше исклучително профитабилен за сите учесници, при што десетте најуспешни клубови заработија импресивни суми.

Во продолжение е листата на клубовите кои инкасираа најмногу средства од ова издание на првенството:

  1. Челси – 97 милиони евра
  2. Пари Сен Жермен – 90 милиони евра
  3. Реал Мадрид – 77 милиони евра
  4. Флуминенсе – 58 милиони евра
  5. Баерн Минхен – 50 милиони евра
  6. Борусија Дортмунд – 44 милиони евра
  7. Манчестер Сити – 43 милиони евра
  8. Палмеирас – 34 милиони евра
  9. Интер – 30 милиони евра
  10. Ал Хилал – 29 милиони евра

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …