
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 19:30 часот ја игра втората контролка во овој репрезентативен прозорец и тоа против селекцијата на Турција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Гоце Седлоски и Винченцо Монтела веќе ги објавија и почетните состави за натпреварот.
За разлика од натпреварот против БиХ, Седлоски направи неколку измени, Фетаи игра во одбраната, Алиоски и Деспотовски по страната, Елези е во средината и Омерагиќ во нападот.
На спротивната страна Монтела се реши за Ѓулер од првата минута.
Турција (4-2-3-1): Бајиндир; Мулдур, Кабак, Сојунџу, Елмали; Озчан, Кокчу; Акгун, Узун, Ајдин; Ѓул
Македонија (3-4-1-2): Димитриевски; Зајков, Велковски, Фетаи; Деспотовски, Елези, Атанасов, Алиоски; Елмас; Омерагиќ, Миовски