Дома Фудбал Познати детали: Легендарниот Рикардињо во Србија добива најголем договор, стан и автомобил!

Познати детали: Легендарниот Рикардињо во Србија добива најголем договор, стан и автомобил!

Португалскиот футсалер Рикардињо скоро сигурно ќе потпише за Смедерево, пренесуваат српските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите футсалери на сите времиња водеше интензивни преговори со Смедерево, откако го напушти италијанскиот Еко сити , но според сѐ изгледа дека се одлучи за Смедерево.

Имаше Рикардињо многу понуди, одби две од Бразил, една од Италија и една од Португалија, а најинтересна му изгледа онаа што дојде од Смедерево.

Во прашање е финансиски атрактивна понуда, дури и за фудбал во Србија, а не само за футсал. Како што пренесува telegraf.rs, управата на Смедерево имала состанок околу еден час со Рикардињо каде што се договорени финансиските услови, како и сѐ што тој и неговиот менаџер барале во вид на стан во Смедерево, службен автомобил и други детали.

Она што ги воодушеви раководителите на Смедерево е тоа што се интересираше колку пати неделно се тренира, а кога слушна дека тренинзите се два пати дневно и дека ги има вкупно од 9 до 10 во неделата, истакна дека тој е вистинскиот клуб за него и дека таму се тренира сериозно.

Вербалниот договор е постигнат, а сега останува да се решат формалностите, по што трансферот ќе биде комплетиран.

Рикардињо во текот на кариерата го носеше дресот на Бенфика, Нагоја, ЦСКА од Москва, Интер Мовистар, АКЦС, Пендекар Јунајтед, Рига и Екосити.

Признанието за најдобар футсалер во светот го освојуваше шест пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…