Познатиот латвиски кошаркар Јанис Тима беше пронајден мртов во еден хостел во Москва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според извештајот на московската полиција, Тима извршил самоубиство на 32-годишна возраст.
Како што пишува латвискиот „РЕН ТВ“, репрезентативецот на Латвија оставил проштална порака на екранот од неговиот телефон со која побарал да се повика Ана. Ана Седокова е бивша сопруга на Тима. Станува збор за украинска пејачка од која е разведен.
Тима беше стандарден репрезентативец на Латвија, а во својата клупска кариера играше за бројни тимови, меѓу кои Алба, Басконија, Олимпијакос, Зенит и Уникс.