
Сопругата и петгодишното дете на еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез беа киднапирани додека спортистот се криеше под креветот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Членот на Емелек, Џексон Родригез, доживува вистинска животна драма откако му беа киднапирани сопругата и петгодишното дете во Еквадор.
Провалници влегле во куќата на фудбалерот со цел да земат материјални вредности, но покрај тоа и ги грабнале членовите на семејството на познатиот играч.
“Непознати лица во средата наутро насила влегле во домот на фудбалерот. Покрај кражба на повеќе предмети и одредена сума пари, ги киднапирале и сопругата и синот на фудбалерот”, соопшти полицијата.
Додека драмата се случуваше, Родригез се скрил под креветот и избегнал страшна судбина. Претходно, неговата сопруга била прашана дали е тој дома, а кога не го нашле, се случило киднапирањето.
Фото: jackson_rodriguez20/Instagram