
Жозе Мурињо ќе ја добие својата втора шанса во Реал Мадрид. За разлика од Карло Анчелоти и Зинедин Зидан, Португалецот во својот прв мандат не успеа да го крене пехарот на Лигата на шампионите, но неговите најверни поддржувачи и натаму тврдат дека токму тој ги постави темелите за понатамошните европски успеси на Кралскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На почетокот на втората ера Мурињо презема тим кој зад себе има сезона без трофеј и во кој веќе се појавиле внатрешни несогласувања што излегле на површина. Конфликтот помеѓу Феде Валверде и Орелиен Чуамени, кој го откри мадридска „Марка“, е само врв од ледениот брег.
„Марка“ пишува дека еден од најголемите успеси на Мурињо во Мадрид било доведувањето на Лука Модриќ, иако тоа се случило дури во неговата последна сезона. Претходно, Португалецот секогаш бараше засилувања и цврст јадрo на домашни играчи на кои можеше целосно да се потпре – без разлика дали стануваше збор за борци со кои веднаш се поврза, како Пепе и Арбелоа, или нови аквизиции како Сами Кедира.