Дома Фудбал Поранешниот голман на Англија заврши во болница поради внатрешно крварење

Поранешниот голман на Англија заврши во болница поради внатрешно крварење

Поранешниот репрезентативен голман на Англија Џек Батланд се соочи со сериозни здравствени проблеми пред денешното големо дерби на неговиот Глазгов Ренџерс против Селтик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ренџерс денес на свој терен го пречека нивниот најголем ривал од 16 часот на стадионот Иброкс, а Батланд синоќа заврши во болница поради внатрешно крварење во ногата.

На Батланд му беше укажана медицинска помош и остана под надзор цела ноќ, пред утрината да биде пуштен. И покрај ова, лекарскиот тим на Ренџерс му забрани настап на денешното дерби.

Батланд има 31 година и целата кариера ја помина на Островот, каде што беше голман за неколку клубови како Манчестер Јунајтед, Стоук, Кристал Палас, Бирмингам, Лидс, Дерби и Барнсли.

За репрезентацијата има 9 настапи, но најчесто беше резервна опција како втор или трет голман на списокот на Гордите Албионци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Паника во Аргентина, а причината е – Лионел Меси (Видео)             

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси синоќа запиша две асистенции за Интер Мајами во победат…