Дома Останати Кошарка Поранешен шпански селектор доби затворска казна поради силување на 13-годишна кошаркарка

Поранешен шпански селектор доби затворска казна поради силување на 13-годишна кошаркарка

Марио Лопез, некогашен селектор на младинските категории во женската репрезентација, беше осуден на затворска казна од 13 и пол години поради сериозно кривично дело кое датира од 1998 година.

Судските органи утврдија дека Лопез, кој во тоа време бил 31-годишен, извршил силување врз 13-годишна кошаркарка. Таа била дел од еден од неговите тимови и била жртва на континуирано манипулирање и контролирање, користени преку неговата позиција на тренер и значителната разлика во годините. Ова траело речиси три и пол години, при што девојката доживувала многу напади.

По долг период на судски процеси, конечно е изречена пресуда со која Лопез е осуден на повеќе од една деценија затворска казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…