Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Арсенал осуден на затворска казна од четири години – Венгер некогаш го фалеше!

Поранешен фудбалер на Арсенал осуден на затворска казна од четири години – Венгер некогаш го фалеше!

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас, осуден е на четири години затвор откако се обидел да прошверцува канабис вреден 600.000 евра.

Емануел-Томас беше фатен кога се обидуваше да внесе дрога во Обединетото Кралство, користејќи два куфери со кои дојде со лет од Банкок на 2 септември минатата година.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Како што беше објавено од Националната агенција за криминал (НЦА), во двата куфери, кои припаѓаат на сегашниот напаѓач на шкотскиот Гринок Мортон, биле пронајдени 60 килограми канабис.

Офицерите на НЦА го притворија фудбалерот кој во своето време беше јавно пофален од легендарниот Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал, кој му предвиде блескава кариера и изјави дека од него очекува големи успеси.

Сега е напаѓачот осуден за “увоз на дрога од К класа”.

Емануел-Томас започна кариерата во Арсенал, но за првиот тим на Топџиите одигра само пет натпревари, по што се префрли во Чемпионшипот.

Во втората англиска лига играше за Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, КПР и Бристол Сити, а сега е член на шкотскиот второлигаш Мортон.

Фото: Aberdeen FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стана јасно колку долго ќе отсуствува Шешко од игра

Повредата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Бењамин Шешко на неговото лево колено не е од…