Дома Фудбал Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во септември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот изминатиот месец постигна пет голови и една асистенција на три натпревари. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во Премиер лигата.

Сити во тие три натпревари победи против Манчестер Јунајтед и Барнли, а одигра нерешено со Арсенал.

„Граѓаните“ се на петтото место на табелата на Премиер лигата со 13 поени.

Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер е прогласен за најдобар тренер на Премиер лигата во септември со две победи против Вест Хем и Ливерпул и нерешено со Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потпиша преддоговор со Барса, но ќе заврши во Реал!?

Реал Мадрид ќе го расипе големиот договор на најголемиот ривал Барселона. Кралскиот клуб е…