По ремито со Унгарија, македонската репрезентација се прирема за утрешниот дуел со Холандија на СП,.
„После вчерашниот меч, седиме цврсто на земја. Максимално сме фокусирани за дуелот против Холандија. Несреќно не победивме против Унгарија, но тој меч е веќе зад нас. Максимално сме мотивирани, а и тоа е нормално кога имаме толку многу навивачи кои ни даваат поддршка. Верувам дека за утрешниот меч ќе имаме уште поголема поддршка. Ќе излеземе со ладни глави и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“, истакна Пешевски.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Холандија игра поинаков ракомет, многу се побрзи од Унгарците, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен меч, но спремни сме и мислам дека имаме свои шанси“, додаде Пешевски.