
Флорентино Перез, претседателот на Реал, се одлучи за смел потег пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мадридците имаат заостанување од 3:0 од Лондон. Пред средбата во Мадрид, едвај успеаја да го победат Алавес со 1:0.
Пред дуелот со Топџиите, Перез подготви изненадување за играчите во вид на награди за да го елиминираат англискиот тим. Сепак, не е познато колкава ќе биде сумата пред средбата в среда.
Перез ќе биде на чело на ФК Реал до 2029 година, бидејќи му беше укажано доверба и нов мандат од клубот на собранието до 2029 година. Познат е по тоа што ги наградувал играчите за елиминација на Атлетико со по 250.000 евра и речиси милион за освојување на Лигата на шампионите.