Дома Фудбал Перез по елиминацијата од Баерн им одржал лекција на сите фудбалери на Реал освен на еден!

Перез по елиминацијата од Баерн им одржал лекција на сите фудбалери на Реал освен на еден!

Ситуацијата во Реал Мадрид е комплицирана откако тимот беше елиминиран од Лигата на шампионите по поразот од Баерн.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Реал oдигра солиден натпревар тоа не беше доволно за да продолжи во следната фаза.

Големо незадоволство владее во клубот кон судијата Винчиќ поради тоа што му покажа црвен картон на Камавинга во 86. минута од натпреварот.

По натпреварот, во соблекувалната на Реал Мадрид се случуваа низа настани, а сега излегоа на виделина нови детали.

Од претходно е познато дека Перез беше навистина бесен и се спушти во соблекувалната да изрази незадоволство.

“Една година без титула за Реал Мадрид е неуспех, а две се неподносливи”, порачал Перез со остар тон.

Ги ценам вашите напори од денешниот натпревар, но целата сезона е целосно разочарувачка.

Играњето за Реал Мадрид е чест со многу обврски. Многумина од вас не ги исполнија овие обврски.

Обидете се барем да ја завршите сезоната во лигата со достоинство”, најавил Перез.

GOAL извести за нови информации кои вклучуваат Переза и Арда Гулер.

Пред да им одржи говор на играчите на Реал, Перез наводно му кажал на Ѓулер да ја напушти соблекувалната.

“Излези, не сакам да гледаш што ќе се случи”, наводно му рекол Перез.

Според шпанските медиуми, Ѓулер веднаш постапил според инструкциите и излегол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер со лакт брутално го удри противникот во лице, осуден е на затворска казна (Видео)

Амaтерскиот фудбалер од Велс, Томас Тејлор (36), е осуден на условна затворска казна откак…