Дома Фудбал Перез не штеди: Фудбалерите на Реал ги чека богата премија ако направат чудо против Арсенал!

Перез не штеди: Фудбалерите на Реал ги чека богата премија ако направат чудо против Арсенал!

Фудбалерите на Реал Мадрид во среда во 21 часот го дочекуваат Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Актуелниот европски првак пред седум дена беше “разбиен” во Лондон, загуби со резултат 3:0, па пред својата публика ќе се обиде да направи вистинско чудо и да се пласира во полуфинале.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Не дека Реал во поновата историја не правел и поголеми чуда, но елиминацијата на Арсенал после 0:3 и сѐ видено во првиот натпревар би било навистина нешто неверојатно.

Првиот човек на Реал Флорентино Перез дополнително ги мотивираше фудбалерите пред овој дуел, ветувајќи им високи премии во случај на подвиг.

Слично беше и пред реваншот со Атлетико Мадрид во осминафиналето, кога по нивниот успех преку пенали, сите играчи добија премија од по 250.000 евра.

Флорентино Перез е познат како претседател со “широка рака”, па така минатата година на секој фудбалер му исплати премија до 900.000 евра по победата во финалето на Лигата на шампионите.

Играчите и претходно добија високи премии за секој натпревар до финалето, па шпанските новинари пресметале дека секој играч на Реал добил над два милиони евра само по основ на премии во Лигата на шампионите.

Оваа година овие суми би можеле да бидат и поголеми, но најпрво е потребно да се направи сензација.

Фото: YouTube/Пртинскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митровски донесе пресврт за Вараждин, стрелаше и од слободен удар! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се покажа како вистински јунак за Вараждин,…