Дома Фудбал Перез го „одврза ќесето“: Познато колку пари Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика за Мурињо

Перез го „одврза ќесето“: Познато колку пари Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика за Мурињо

По објавата на Фабрицио Романо за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и колку пари ќе заработи Бенфика.

Во договорот на Мурињо со Бенфика, кој важи до летото 2027 година, постои клаузула што му гарантира значителна отштета на португалскиот клуб ако Мурињо премине на „Бернабеу“.

Според пишувањата на португалскиот „Рекорд“, Реал за да го доведе Мурињо ќе мора да исплати на Бенфика 7 милиони евра.

Клаузулата е активна во многу краток временски рок – Мурињо може да се пресели во Реал за 7 милиони евра само во рок од 10 дена по последниот натпревар од сезоната, што дефинитивно ќе се случи бидејќи Романо објави дека договорот ќе биде потпишан на 23 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА прави историски потег: Една од најважните натпревари ќе се игра далеку од Европа

Суперкупот на Европа во 2028 година ќе се одигра во Нур-Султан, Казахстан, со што престижн…