Дома Топ вести Oфицијално: Тонали нов фудбалер на Њукасл – рекордот на Кака може да биде срушен!

Oфицијално: Тонали нов фудбалер на Њукасл – рекордот на Кака може да биде срушен!

Како и што се најавуваше, Сандро Тонали од денес е нов фудбалер на Њукасл, клубот го потврди трансферот со официјално соопштение.

Тонали во Њукасл пристигна во рекорден трансфер за овој клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Со задоволство можеме да потврдиме дека потпишавме договор со Сандро Тонали од Милан“, објави Њукасл.

Во Њукасл, Тонали пристигнува за сума од 70 милиони евра и вклучени бонуси, Милан успеа да договори и 10% од сумата од идниот трансфер на италијанскиот фудбалер.

Ако се остварат бонусите во договорот, тогаш ова ќе биде рекордна продажба за Милан, засега на врвот е трансферот на Кака во Реал Мадрид за 67 милиони евра.

Кога станува збор за продажбите од Серија А, Тонали е на петтата позиција зад Лукаку, Погба, Игуаин и Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…