Како и што се најавуваше, челниците на Евролигата ги исклучија руските екипи ЦСКА Москва, Зенит и Уникс Казан за сезоната 2022/2023. Така во ова натпреварување ќе има македонски претставник после долго време.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На местото на овие екипи влегоа Виртус Болоња како освојувач на Еврокупот, Партизан како вицешампион во АБА лигата и Валенсија на нашиот Ненад Димитријевиќ.




Покрај овие екипи кои влегуваат стандардно тука ќе се натпреваруваат: Реал Мадрид, Олимпијакос, Барселона, Ефес, Фенербахче, Алба Берлин, Монако, Олимпија Милано, Басконија, Црвена Звезда, Асвел, Макаби Тел Авив, Панатинаикос и Жалгирис.




Последен пат кога еден македонски кошаркар играл во Евролигата беше пред пет години кога Перо Антиќ настапуваше за Фенербахче, таа 2016/2017 турскиот гигант стана и шампион.