Дома Трансфер зона Oдличниот играч за врска од лето кај Мурињо?

Oдличниот играч за врска од лето кај Мурињо?

Mанчестер Јунајтед веќе на големо започна да ја составува листата на играчи кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако главниот збор во врска со засилувањата го има Жозе Мурињо, а на новата листа се најде името на играчот од средниот ред на Вотфорд Абдулај Дакур.

Францускиот фудбалер игра навистина импресивно во дресот на Вотфорд и поради тоа привлече големо внимание на себе. 25 годишниот Дакур на „Олд Трафорд“ би можел да го замени  Маруан Фелаини кој се очекува да го напушти тимот.

Оваа сезона Дакур одигра 30 натпревари за Вотфорд и постигна дури седум погодоци. Покрај Јунајтед се поврзуваше уште со Ливерпул, Арсенал и Тотенхем. Во Вотфорд пстигна во 2016 година, а во кариерата играше уште за Гранада и Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…