
Селекторот Хавиер Агире го објави списокот од 26 играчи кои ќе го претставуваат Мексико на Светското првенство.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најинтересното име на списокот е Гиљермо Очоа, од АЕЛ Лимасол, за кого ова е шесто учество на светските првенства. Овој искусен голман достигнува ист број настапи на глобалната фудбалска сцена како и Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Домаќинот го започнува Светското првенство со натпревар против Јужна Африка, закажан на 11 јуни. Пред тоа, ќе го играат пријателскиот натпревар со Србија на 5 јуни во 4 часот наутро по македонско време.
СОСТАВ НА МЕКСИКО:
Голмани: Раул Ранхел (Чивас Гвадалахара), Карлос Асеједо (Сантос), Гиљермо Очоа (АЕЛ Лимасол)
Одбрана: Сезар Монтес (Локомотива Москва), Жоан Васкез (Џенова), Хорхе Санчез (ПАОК), Израел Рејес (Клуб Америка), Матео Чавез (АЗ Алкмар), Хесус Гаљардо (Толука)
Среден ред: Луис Ромо (Чивас Гвадалахара), Брајан Гутијерез (Чивас Гвадалахара), Алваро Фидалго (Бетис), Ерик Лира (Круз Азул), Луис Чавез (Динамо Москва), Обед Варгас (Атлетико Мадрид), Орбелин Пинеда (АЕК Атина), Едсон Алварез (Фенербахче), Гилберто Мора (Тихуана), Сезар Уерта (Андерлехт)
Напад: Алексис Вега (Толука), Роберто Алварадо (Чивас Гвадалахара), Раул Хименез (Фулам), Сантијаго Хименез (Милан), Хулијан Квинјонес (Ал Кадисија), Гиљермо Мартинез (Пумас), Армандо Гонзалес (Чивас).