Дома Фудбал Ова е тотална војна: По тоа што се случи Реал и Барса стануваат вечни непријатели

Ова е тотална војна: По тоа што се случи Реал и Барса стануваат вечни непријатели

Шампионот на Шпанија Барселона реши да реагира по жестоките обвинувања што ги изнесе претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез против каталонскиот клуб. Ќе покренат тужба против него.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез денес пред очите на целиот свет ја обвини Барселона за поткуп на судии. Беше многу жесток кон најголемиот ривал.

„Случајот Негреира е најголемиот скандал во фудбалската историја. Не можам да верувам дека уште не е решен. Судиите од овој случај се уште активни, сè уште судат. Тоа нема смисла. Барселона плаќа судии веќе две децении и сите тие судии се уште се активни”, изјави тој со напомена дека овој случај лично ќе го однесе до УЕФА за Барса да добие казна.

Откако го слушнаа тоа што го рече, каталонскиот гигант се огласи со кратко соопштение. Пораката е дека Переza веројатно го чека тужба за клевета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп распали: ВАР ни украде две ФА купа, никогаш не им верував

Во исто време кога се појави снимка од разговорот помеѓу ВАР собата и главниот судија на н…