Дома Фудбал Ова е хот-дог од новиот стадион на Евертон. Забележувате ли нешто необично?

Ова е хот-дог од новиот стадион на Евертон. Забележувате ли нешто необично?

ЕВЕРТОН наскоро би требало од култниот Гудисон Парк да се пресели на својот нов стадион. Стадионот ќе го носи името Евертон Стадиум и е еден од најмодерните во Европа. Неговата изградба траеше околу три години и чинеше отприлика 950 милиони евра.

Познатиот клуб треба да започне да игра таму од почетокот на следната сезона, поради што поканија 25 илјади навивачи на тест-натпревар против резервниот тим на Болтон.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Навивачите имаа можност да ги откријат убавините на новиот дом на нивниот клуб, а исто така се спроведоа и разни тестови и протоколи како оние за противпожарна заштита и слично. Од сите новини на стадионот, она што привлече најголемо внимание на социјалните мрежи е хот-догот.

Еден навивач го купи и со задоволство ја сподели фотографијата на Твитер, а причината е јасна. Имено, кечапот не е во црвена, туку во клубската, сина боја. Истакнаа дека толку не го сакаат Ливерпул, својот градски ривал, што не сакаат ни кечапот да им биде во боите на ривалскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман доби отштета од над 20 милиони долари поради лекарска грешка

Поранешниот голман на американскиот фудбалски тим Портланд Тимберс, Џејк Глисон (34), доби…