Македонската фудбалска репрезентација утре ќе излезе на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде од 20:45 часот ќе се соочи со селекцијата на Велс во рамки на второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите средства собрани од продажбата на билетите за овој натпревар да бидат наменети како финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
Се очекува стадионот утре да биде исполнет со околу 20.000 гледачи, кои преку своето присуство не само што ќе ја поддржат репрезентацијата, туку и ќе дадат свој придонес за хуманата цел. Во знак на солидарност, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, купија вкупно 400 билети.